ВО ТЕК Е ДРАМА ВО РИО: Судир на полицијата и шверцери на дрога, има мртви и ранети!

Два дена пред почетокот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, во полициска акција во една од фавелите дошло до вооружен судир меѓу бразилската полиција и криумчарите на дрога, кој сеуште трае.

Во судирот во северната фавела Алемао учествуваат 450 полицајци и повеќе десетици криминалци.

Бразилските медиуми наведуваат дека има убиени и ранети, додека АП пренесе дека во акцијата само полесно е повреден еден од полицајците.

АП јави дека полицијата уапсила 10 осомничени криминалци во акцијата во Алемао, една од најопасните фавели во Рио.

 

Полицијата истрагата против една од криминалните групи во Алемао ја започнала пред една година откако еден од тајните агенти е уфрлен меѓу криминалците.

Foto: Tanjug/AP

Локална ТВ станица прикажала снимки од силни полициски сили на влезот од фавелата, а на полицијата и помагаат и неколку хеликоптери.
- Се пука на сите страни. Локалното население се затворило во домовите, а децата денес не одеа на училиште, изјавила една жена која живее во фавелата.
Во фавелата Алемао живеат околу 70.000 жители.
 
 
 
03.08.2016 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега