ФОТО: Страшна трагедија - качил автостопер па со автомобилот се забиле во куќа и загинале!

Во тешка сообраќајна несреќа во вторникот околу 23 часот во центарот на Окучани, Хрватска, загинале Сандро Томиќ (19) кој го управувал возилото и Марио Жугај (34). Неколку стотини метри пред центарот на Окучани, Сандро одлучил да претекне евтомобил со австриски таблички.

Foto PU brodsko-posavska

 

Најверојатно поради големата брзина го зафатил песокот на паркингот. Луѓето прераскажуваат дека можеби се исплашил, па нагло го свртел управувачот десно. Изгубил контрола над автомобилот и преминал преку улицата, удрил во бетонска банкина, се подигнал во воздух и со кровот се забил во ѕид од куќа. Момчињата во автомобилот останале на место мртви.
- Легнавме да спеме кога нешто удри, мислам два пати. Погледнав надвор а од ѕидот на соседната куќа се гледаа само две тркала. Видов црвени светла, чадеше и потпукнуваше, најверојатно кога кровот од куќата почна да паѓа, раскажа Ана Блажевиќ, прва соседка на фамилијата во чива куќа се заби автомобилот.

Foto Printscreen 24sata.hr/Franjo Lepan

- Само што тргнав кон прозорецот да ги спуштам ролетните. Од воздухот нешто паѓаше, мислев дека паѓа авион. Автоматски се фрлив на подот, кога одекна удар. Кога станав видов автомобил на купче цигли. Се беше полно прашина и чад, раскажа сеуште шокираната жена која има куќа спроти местото на несреќата. Малото место набрзо било преполно со полиција, пожарникари, лекари од Брзата помош и шокирани соседи. 

Foto Printscreen 24sata.hr/Franjo Lepan

 

 

 
 
03.08.2016 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега