Уште еден голем пожар ја зафати Македонија - горат 30 хектари во неготинско

Пожар избувнал попладнево околу 16 часот близу неготинското село Курија.

Командирот на територијалната противпожарна единица од Неготино, Иле Илиев информира дека  се обидуваат да го локализираат пожарот кој има зафатено околу 30 хектари трева, меѓи, како и лозови насади.

Како што посочи тој огнот се движи кон Гоцева шума и се прават напори да не се дозволи  да биде зафатена шумата и да не дојде до поголеми последици.

Во гаснењето учествуваат три возила и седум пожарникари, а на помош е и едно возило и неколку вработени од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија. Најавена е и дополнителна помош.

 
 
03.08.2016 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега