Монструозен злочин во Турција: Претепале трудница поради непримерна облека

Една трудна жена вработена во дневниот весник Евренсел во Турција, е претепана од група луѓе кои ја обвинувале дека носи непримерна облека и дека ги поддржува пучистите.

Напднатата Хазал Олмез е во шестиот месец од бременоста.

- Зошто носиш ваква облека? Ти го поддржуваш воениот удат и ти си гуленист. Никогаш повеќе нема вака да се облекуваш, ќе се облакаш онака како што ние ти кажуваме и ќе не почитуваш, викале напаѓачите, кои потоа повикале уште луѓе да се шриклучат на нападот.

Олмез изјавила дека се враќала дома кога ја нападнале три лица (две жени носеле бурки). Таа вели дека ситуацијата била страшна и дека сакале да ја линчуваат на улица.

Потоа дошол маж на возраст од 26-27 години кој велел дека ги обележале сите прадавници во таа населба и дека ќе се пресметаат со нив. Тој ја соборил на земја, а потоа ја удирале додека лежела. Ги молела минувачите за помош, а многумина и одговориле: „Кој знае што си направила, па те напаѓаат“.

На крајот ја спасила 60-годишна жена.

Лекарите одбиле да и издадат наод, туку само потврдиле дека е нападната, но не и издале наод туку ја упатиле да оди во полиција.

 

 
 
03.08.2016 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега