Се отвори дупка среде улица и “проголта“ минувачи

Огромна дупка на асфалт се отвори во центарот на кинескиот град Џенгџоу и проголта неколку минувачи, при што едно лице и натаму се води како исчезнато.

Според кинеските медиуми, најмалку три лица паднале во дупката долга 30, широка 20 и длабока девет метри, која се отвори во земјата за време на поројните доздови што го зафатија овој дел на централна Кина.

Прелиминарната истрага покажа дека дупката настанала кога под притисок на големото количество на дождовна вода попуштиле цевките под асвалтот.

Спасувачите од дупката веднаш извлекле еден маж и една жена, но втората жена, која во моментот на инцидентот се возела на велосипед, не е пронајдена и се уште води како исчезната.

Во дупката за време на потрагата по исчезнатата жена се пронајдени три велосипеди, чанти, чевли и делови од облека.

 
 
03.08.2016 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега