Мајката на 8 годишното девојче кое го силуваше 82 годишен сосед- Во сон плаче: „Немој, дедо Љубе, ме боли“


„Ме повлече за рака и ме однесе во соба. Сакав да си одам, но тој ме соблекуваше и ми бутна прст. Јас се исплашив и почнав да плачам“. Со овие зборови 8 годишната А.Т. од едно село во околината на Ниш, опиша на кој начин во неговата куќа ја силувал соседот, 82 годишниот Љубомир Д., против кого е покрената истрага.

Незапаметениот случај на сексуално злоставување се случил на 23 јули. Откако во Заводот за судска медицина е утврдено дека девојчето има повреди на гениталиите, на 26 јули на Љубомир му е одреден притвор.

„Отиде тој ден да ми купи цигари и се врати. После пак излезе, не ми кажа каде оди. Нејзиниот полубрат, А.Т.(11) отишол да ја бара. Биле кај соседот Љубо, каде порано собирале сливи. После пладне ја сретнав на улица. Ми кажа: „Мамо, имам да ти кажам нешто но не можам овде на улица, да не ни се смеат луѓето“. Кога влеговме во куќата ми кажа што се случило и дека  чувствува пецкање кога оди во тоалет. Ја соблеков и видов малку крв на половиот орган, гаќичките и кратките панталончиња. Отидовме кај докторката во селото, која повика полиција. И ја предадовме и гардеробата на девојчето“, раскажува 33 годишната Маја А., мајка на девојчето. Таа вели дека детето од тогаш има трауматични сонови.

„Од тогаш се плаши во сон. Ја слушнав како во сон збори: „Немој дедо Љубо, ме боли. Мајка ми ќе тепа. Боли, боли, пушти ме“. И сега не смее да излезе од куќата. Не ја пуштам веќе никаде да оди сама, само накратко до центарот на селото и назад. Кога до кај него и го прашав како не му е срам такво нешто да направи на дете и дека имам црно на бело што направил, тој кажа дека не е вистина. А порано пробуваше и на мојата друга ќерка да и го направи истот“, тврди Маја.

 

 
 
03.08.2016 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега