Скопјанец со своето БМВ дивеел на Граница

Околу 21 часот и 10 минути на Граничниот премин „Долно Блаце“, на просторот каде се одвивал сообраќајот на автобуси, поточно на сообраќајната лента која се користи за влез во Македонија, 24-годишниот Б.В. од Скопје, управувајќи возило „БМВ“, со цел да оствари влез во Македонија, се престроил во сообраќајната лента каде имало автобуси. Од страна на полициски службеник му била издадена усна наредба да се врати со возилото во редот од каде излегол, при што ја спуштил рампата. Во тој момент Б.В. почнал да го омаловажува и да му се заканува на полицискиот службеник. Истиот излегол од возилото и се упатил кон полицискиот службеник. Полицискиот службеник,  мислејќи дека Б.В. ќе го нападне, го турнал со рака и го предупредил да не му се доближува. Лицето било легитимирано по што го напуштило местото на настанот. Против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

 
 
03.08.2016 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега