Бројот на загинати во автобуската несреќа во Италија се искачи на 38 лица

Најмалку 38 лица загинаа, а 11 се повредени, меѓу кои има и деца, синоќа во јужниот дел на Италија, кога автобус излетал од надвозник висок 30 метри.

Несреќата се случила на автопатот А116 меѓу местата Монтефорте Ирпино и Авелино, во близината на Неапол. Поради несреќата, сообраќајот на автопатот Неапол-Бари неколку часа беше во прекин.

Претставник на локалната полиција соопшти дека засега не се познати причините поради кои возачот ја загубил контролата врз автобусот и тој излетал од надвозникот. Според италијанското национално радио, возачот загинал при несреќата.

Според очевидци, возачот не можел да ја намали брзината на автобусот кога се доближил до неколку автомобили што се движеле побавно од него, по што возилото удрило во некои од нив и излетало на надвозникот

Според се уште непотврдени информации, во автобусот имало 49 патници.

ФОТО: Ројтерс

најчитано сега