Вистинска бура во Македонија - подгответе се!

 

Метеролозите за денеска најавуваат големо невреме на Балканот. Денешната минималната температура во Македонија  ќе се движи од 14 до 22, а максималната од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. 

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локален дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 20, до 37 степени.

Во вторник од пладне се очекува поизразена нестабилност кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за четири до пет степени во споредба со утрешната.

 
 
01.08.2016 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега