Нуди 10.000 долари на оној кој ќе го пронајде нејзиниот принц на бел коњ
Една менаџерка од Сан Франциско понудила награда од неверојатни 10.000 долари доколку го пронајдат принцот на белиот коњ за неа.
Менаџерката на сите свои пријатели им пратила порака во која им вели дека ќе добијат пари само ако го пронајдат момчето на нејзиниот живот.
- „Ви пишувам бидејќи се решив на „агресивен“ начин да го пронајдам човекот на мојот живот, некој со кого ќе го поминам животот. Знам дека мислите дека е лудо. Ќе му дадам 10.000 долари на тој што ќе ме запознае со мојот иден сопруг“, стоело во пораката на девојката.