ФОТО: Пуштен во употреба проширениот булевар „Партизански Одреди“

Вториот дел од пробиениот булевар „Партизански одреди“ денеска официјално беше пуштен во употреба.

Со овој проект се продолжи пробивањето на булеварот од новиот кружен тек кај Порта влае, па се до кружниот тек кај црквата Св Петар и Павле во Ѓорче Петров.

Извршена е реконструкција и проширување на постојниот коловоз во должина од 500 метри со што се доби современ и модерен булевар со шест сообраќајни ленти, по три во двете насоки, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар.

Булеварот има средишно зеленило, а од двете страни има велосипедска патека со ширина од два метри и пешачка патека со ширина од три метри.

 
 
27.07.2016 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега