„Илинденски етно фест“ во Илинден

По повод националниот празник – 2 Август, патрониот празник и 20-годишниот јубилеј на општина Илинден, утре во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци ќе се одржи општонароден собир под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“.

Во рамки на одбележувањето на празникот, ќе се одржи „Илинденски етно фест“, фестивал на македонски песни. Ќе настапат Сузана Спасовска, Виолета Томовска, Блага Петреска, Виданка Ѓорѓиева, Атина Апостолова, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ирена Спасовска, Ани Малинкова, Круме Спасовски, Момо Николовски…

„Илинденски етно фест“ третпат се одржува во општина Илинден.

 
 
27.07.2016 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега