Започна асфалтирањето на последната делница од патот Бориево- Еднокуќево

 

Почна асфалтирањето на последната етапа од патот меѓу населените места во Бориево и Еднокуќево во Општина Босилово. Патот со вкупна должина од 3.000 метри е дел од програмата на локалните власти по барање на жителите, бидејќи минува низ најплодните земјоделски површини во атарот.

- Со редовни консултации со жителите од двете села го ставивме овој пат во Програмата на општината. Вредноста изнесува 20 милиони денари обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој. Дополнително општината до обезбедува оној додаток за ДДВ согласно законските обврски. Нашите очекувања се дека за четири до пет дена ќе биде завршено аслафтирањето, а со тоа патот да биде ставен во функција, посочи градоначалникот Љупчо Колев кој направи увид на местото.

Локалните власти очекуваат патот да помогне за локален економски развој зошто им овозможува многу поефикасен пристап до полињата на производителите кои во овие две села се најбројни и најпознати по интензивното земјоделство - градинарството.

Градоначалникот Колев посочи дека во среднорочните и долгорочните планови за Бориево им е изградба на мало школско игралиште, потоа реконструкција на училишната зграда и подобрување на патната инфраструктура.

 
 
26.07.2016 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега