Завршена улицата „Антон Чехов“ во населбата „Даме Груев“
Завршени се градежните работи на улицата „Антон Чехов“ во населбата „Даме Груев“, која е дел од проектот „15 нови улици во Ѓорче“.
Како што соопшти општина Ѓорче Петров, реконструиран е дел од водоводната мрежа, изведена е нова атмосферска и фекална канализација и се поставени нови канделабри. Исто така се изведени и тротоари од двете страни на улицата со што е зголемена безбедноста на пешаците и учениците од блиското училиште ООУ „Страшо Пинџур”.
Улицата е долга 220 метри и широка пет метри, со што видно ќе се подобри сообраќајниот режим на улицата, а жителите ќе имаат два излеза, еден кон улицата „Лука Геров” и другиот кон улицата ,,Антон Кецкаров I“. Изведувач на градежните работи е АД „Карпош“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа