Измени во ЈСП: Ова е новиот ценовник кој ќе важи од септември
Од 1 септември, кога целосно ќе се укинат хартиените билети, граѓани кои се возат со јавниот превоз, ќе мора да користат персонализирана или непресонализирана СКОПСКА картичка, која ќе важи и за државните и за приватните автобуси. Но, тоа не е единствениот начин- граѓаните ќе може да плаќаат во автобусите и преку мобилен телефон.
Валидацијата со мобилен телефон ќе се врши преку таканаречен пренос на податоци преку звучна комуникација меѓу мобилниот телефон и валидаторот, а плаќањето е со вртење на бесплатниот телефонски број 185.
На тој начин ќе се забрза автобускиот превоз, а граѓаните ќе заштедат време. Но, покрај време ќе заштедат и пари, бидејќи со воведувањето на овој начин на наплата се намалуваат и цените на билетите- на приградските, месечните, годишните…
Со преминување на системот за наплата со електронските картички или мобилен телефон, од 1 септември 2016 година, целосно се укинуваат хартиените билети.
-Нашата цел е што повеќе да ги приближиме граѓаните кон јавниот транспорт, преку подобрување на квалитетот на услугата. За секој потег кој се повлекува, секогаш се консултираме со граѓаните и во најголемиот дел од нивните барања, излегуваме пресрет, информираат од ЈСП-Скопје за КУРИР.
Со вкупно 590 возила, од кои ЈСП- Скопје со 385 и приватните превозници со 205, Градот Скопје ќе ги опслужува граѓаните со јавен транспорт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа