Времето денеска носи изненадувања - еве што не очекува

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

За време на викендот ќе се задржи претежно сончево и топло време, само во недела кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста и претежно во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат. 

 
 
23.07.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега