Смее ли Жерновски да ја стопира изградбата на катната гаража кај Бристол?

Новиот градоначалник на Центар ја стопираше изградбата на катната гаража спроти хотелот „Бристол“ во строгиот центар на Скопје. Одлуката ќе ја разгледува Советот на општината, а Жерновски очекува советниците да извршат ревизија на деталниот урбанистички план, а потоа да ја стопираат изградбата на катната гаража

На ваквата најава на Жерновски реагираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„ Тој нема ниту една позитивна работа, ниту проект што би го направил или изградил. Веќе неколку дена ги лаже граѓаните и свесно создава конфликти за работи и постапки кои воопшто не се во надлежност на Општина Центар. Општина Центар нема надлежност, ниту законска можност да ја стопира изградбата на овие објекти, а Жерновски е целосно свесен за тоа и упорно продолжува да ги лаже граѓаните. Жално е што последниците од ова негово лажење ќе ги сносат граѓаните на Општина Центар“, се вели во реакцијата.

За разлика од Жерновски кој смета дека Советот може да го промени ДУП от што ќе придонесе за стопирање на градбата, експертите со спротивно мислење. Поранешниот претседател на ЗЕЛС, Горан Ангелов за Економски, вели дека се работи за приватно земјиште на кое може да биде стопирана градбата само ако отстапува од прокетот и во ниту еден друг случај.

Во реакцијата на Министерствто за транспорт пак, се наведува дека земјитето за катната гаража е продадено во транспарентна постапка, на јавно наддавање.

„Жално е што од почетокот на неговиот мандат, досега Жерновски, исклучиво се интересира за смислување сензации во кои тој се претставува како позитивен, а претставниците на власта како негативни ликови. Останува впечатокот дека единствено што го интересира се политички настапи и говори без правна подлога и барање виновници за се“, велат од Министерството.

најчитано сега