Почина музичарот Џеј Џеј Кејл

 

На официјалната интернет страна на американскиот кантавтор и гитарист Џеј Џеј Кејл, објавено е дека славниот музичар почина на возраст од 74 години во болница во Калифорнија.

Џеј Џеј се стекна со голема слава откако Ерик Клептон го преработи неговиот голем хит „After Midnight" во 1970 година.

Во текот на богатата кариерата тој сними 14 албуми, а за себе велеше дека е кантавтор, а не пејач.

најчитано сега