Проверете дали ќе останете без струја
Поради технички зафати во електро-мрежата во понеделник (25.07.2016 година), без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Сопиште.
Како што информираат од РЦУК Скопје од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Малешевска“ и од ул. „Филип Кљаиќ“ во општина Кисела Вода.
Во понеделник од 9:00 до 9:30 часот без струја ќе бидат и дел од селата Патишка Река, ХПП Хидро, Држилово, Елово, Црн Врв, Осинчани, Малчиште, село Јаболци, Јасен ловиште, Нова Брезница, Сателитски центар, Рудопроект во општина Сопиште.
Без струја во понеделник од 9:00 до 16:00 часот ќе бидат и дел од с. Патишка Река, ХПП Хидро, с. Држилово, с. Елово, с. Црн Врв, с. Осинчани, и с. Малчиште, а од 15:30 до 16:00 часот дел од селата Патишка Река, ХПП Хидро, Држилово, Елово, Црн Врв, Осинчани, Малчиште, село Јаболци, Јасен ловиште, Нова Брезница, Сателитски центар, Рудопроект во општина Сопиште.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа