Тешка несреќа: 21-годишно момче загина во судар на мотор и фиат

Дваесет и едногодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во близина на Бјелина, БиХ, соопшти босанската полиција.

Возачот на мотоциклот со иницијали Б.Ј. од Бјелина починал на лице место од здобиените повреди.

Несреќата се случила во 6 часот и 50 минути, а во неа учествувале автомобил фиат, управуван од М.М. и мотоциклистот.

Полициските службеници заедно со дежурен обвинител извршиле увид на местото и во тек е истрага за причините и околностите кои довеле до оваа тешка сообраќајна несреќа.

 

 

 
 
22.07.2016 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега