За студентите таа е „само“ чистачка - Тоа што го открил професорот за неа ги натера сите да размислат
Оваа приказна е лекција за понизност. Би требало да обрнеме внимание на малите работи и на сите луѓе...
Еден ден професорот во најдоброто медицинско училиште пристигнал на предавање и им најавил на студентите дека ќе им даде тест. Сите нагодувале, само најдобриот студент не се грижел: Се чувствувал сигурен во себе и во своето знаење. Го погледнал целиот тест и го решил без проблем, но потоа стигнал до едно прашање. Пишувало „Кое е името на хигиеничарката во нашата зграда?“
Студентот се насмеал, ова мора да е некоја шега, си помислил. Ова прашање не може да носи некои бодови, нели? Професорот сигурно се шегува. Го знаел лицето на жената која ги чистела ходниците и предавалните, но немал поим кое е нејзиното име. Го оставил последното прашање неодговорено.
Друг студент го прашал професорот: „Последното прашање не носи бодови нели?“ Професорот мирно му одговорил: „Секако дека носи. Видете, во вашата кариера ќе сретнете могу луѓе. И секоја личност е важна - секогаш. Секој заслужува признание, па дури и насмевка која си ја упатуваме едени на други секојдневно во ходникот.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа