Трагедија: Таткото загинал во страшна сообреќајка, децата останале приклештени (ФОТО)
Триесет и две годишниот Коста Коларски од Руменка загина, а неговата жена и двете малолетни деца се тешко повредени во страшната сообраќајна несреќа која се случи ноќта помеѓу понеделникот и вторникот на вијадуктот Роговиќи, кај познатиот Истарски ипсилон. За тежината на несреќата говори и фактот што пожарникарите морале да го сечат кровот на автомобилот да за ги извлечат повредените.
До несреќата дошло кога 55-годишниот Загрепчанец со својата шкода суперб, од засега неутврдени причини преминал на спротивната коловозна лента и директно се судрил со Коларски, кој управувал фиат стило.
- Несреќниот човек почина на лице место, а неговата фамилија, како и возачот на шкодата се тешко повредени. Очевидците на несреќата слушнале врисоци и плач на дечињата, кои се наоѓале на задното седиште на автомобилот, па веднаш притрчале во помош, наведува извор близок на истрагата за српски Курир.
- Лекарите не можеа да дојдат до повредените, па на помош ги повикаа пожарникарите. Кога стигнаа пожарникарите, затекнаа страшна глетка. Автомобилоте беа целосно уништени и смачкани, раскажува соговорникот на српски Курир.
За ужасната глетка говори и податокот што пожарникарите неколку часа ги извлекувале повредените од автомобилите.
- Децата беа заглавени, вистинско чудо е што преживеаа, а сопругата седела на совозачкото седиште, покрај починатиот Коста. Вијадуктот Роговиќи беше затворен за сообраќај повеќе од пет часа, вели изворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа