Страшна сообраќајка: Џип слета во река, пет лица тешко повредени (ФОТО)
Во тешка сообраќајна несреќа која вчера вечер се случила на регионалниот пат Ваљево-Ужице, тешко повредени се пет лица.
Несреќата се случила во вторникот околу 18 часот кога возачот на џип со белградски таблички слетал во кањонот на реката Градац. Како што дознава српски Телеграф, тој изгубил контрола над возилот, слетал од патот, ја пробил заштитната ограда и паднал во кањонот на реката Градац, до самата железничка пруга.
На местото на несреќата многу брзо пристигнале противпожарните екипи од Ваљево кои ги извлекле патниците од возилото. Повредените потоа со Брза помош се пренесени во болницата во Ваљево каде им е укажана лекарска помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа