ФОТО: Ова момче вежба секојдневно додека неговото вештачко срце го носи во ранец

 

Колку пати до сега сте се предмислиле да уплатите членарина за вежбање?

Ова момче ќе ви докаже дека не постои зборот НЕ, туку постои само мотивација, упорност и желба за здрав живот.

Ендрју Џоунс има 26 години и се занимава со бодибилдинг и не постои ништо на светот што може да го спречи да вежба.

endru3

Тој секој ден ја посетува теретаната иако своето вештачко срце го носи во ранец на својот грб. Тој преживеал срцев удар и поради тоа морале да му вградат вештачко срце за да преживее.

За прв пат му се слошило во 2012 година кога започнало да му биде тешко и да се гуши додека трчал, а по две години качил висока температура и искашлувал крв.

endru2

Лекарите му дијагностицирале кардиомиопатија, по што многу ослабел, до степен да не мже да стои, оди, ниту пак да се облече сам.

По неколку месеци докторите му соопштиле дека е неопходна трансплантација на срце или ќе умре. А бидејќи немало органи за трансплантација на располагање, нему му е вградено вештачко срце, кое сега го носи во ранец на грб.

И иако секој ден се бори со смртта секојдневно оди во теретана и вели дека плаче по секој тренинг бидејќи е благодарен што е жив.

endru1

-Ова не би го поскакал ниту на најголемиот непријател. Не можеш да дишеш, не можеш да размислуваш, да јадеш или спиеш. Животот со оваа болест ме направи депресивен и физички болен. Морав да престанам да работам, бидејќи не можев да стојам подолго од 10 минути. Се плашев да одам во кујна, бидејќи мораше да се качувам по скали. Мојот живот се распаѓаше и само сакав олеснување, вели тој.

Неговото вештачко срце има две цевки кои му се вградени во телото и се поврзани до машината која се наоѓа во ранецот, од каде се пумпа крв низ целото тело. Ендрју не ги сокрива лузните, туку напротив гордо ги покажува.

-Работам во малопродажба со скратено работно време и купувачите постојано ме прашуваат зошто носам ранец постојано. Кога ќе им одговорам зошто е тоа така, тие се шокирани и првенствено мислат дека се шегувам, бидејќи изгледам навистина здраво. Никогаш не ми е страв да излезам во јавност, објаснува тој.

 
 
19.07.2016 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега