Четири месеци ја силувал во Сирија, а потоа му се осветила на другиот крај на светот!
Курткињата од племето Јазиди која преживеала заробеништво и мачење од Исламската држава (ИСИС), го видела својот злоставувач во Германија.
Таа моментално е на психолошки третман во Германија, а неодамна го видела џихадистот кој ја малтретирал и злоставувал четири месеци додека била во заробеништво.
Џихадистот, за кој вели дека е со сириско потекло, сега живее со семејството во бегалскиот камп во Германија.
Активистка која им помага на жените Јазиди да се ослободат од заробеништво, вели дека го препознала џихадистот во продавница во Баден. Веднаш го пријавила на германската полиција џихадистот кој ја злоставувал четири месеци, и така му се осветила повеќе да не може никому да му наштети.
Откако членовите на ИСИС го нападнаа градот Синџар во ирачкиот дел на Курдистан во кој живеат Јазидите, во средината на 2014 година спроведоа голем број на злочини врз населението, во кој спаѓа и масакрот на над 5000 мажи. Киднапираа околу 5000 жени и девојки, кои ги направија робинки.
Околу 2000 од тие успеjaa да се ослободат од ИСИС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа