Поранешниот премиер осомничен за поткуп на пратеници

 
Петр Нечас како прв чешки поранешен премиер се соочува со обвинение за поткупување на поранешни пратеници, а неговата сегашна сопруга Јана Нагиова-Нечасова, која во тој период му беше советничка е осомничена и за наводно затајување на данок за луксузни подароци, јави дописникот на МИА од Прага. 
Според обвинението, на Нечас му се заканува казна затвор од една до шест години, а на неговата сопруга од две до осум години.
Сопружниците се под сомнение дека во 2013 на тројца пратеници им обезбедиле работни места од кои имале парична корист во замена за напуштање на мандатите. Инаку тие пратеници беа против владиниот пакет за штедење, кој поради нивното несогласување не можеше да поминат во Парламентот. 
Обвинението беше покренато, по упадот на против корупциската полиција во зградата на Владата во јуни 2013 година, кога беа уапсени повеќе лица меѓу кои и Нагиова- Нечасова, што предизвика оставка на премиерот и пад на владата, што резултираше со вонредни парламентарни избори. 
Нагиова- Нечасова, која беше шеф на Кабинет на премеиерот, беше обвинета и за давање на наредба за неовластено прислушување на тогашната сопруга на Нечас, но подоцна е ослободена од вина.
 
 
19.07.2016 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега