Чистката продолжува: Ќе се отпуштаат речиси половина универзитетски професори во Турција

 

Советот за високо образовани во Турција побара да бидат отпуштени од работа 1.577 декани и професори на државни и приватни факултети.

Телевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека таа бројка е речиси половината од професорскиот кадар на турските факултети.

Претходно, турското Министерство за образование соопшти дека отпушти од работа 15.200 вработени поради поврзаност со неуспешниот обид за воен удар.

Одлуката е донесена по чистки на илјадници вработени во армијата, полицијата, судскиот систем, разузнавањето, Министерството за финансии, Кабинетот на премиерот и Дирекцијата за религиозни прашања.

 
 
19.07.2016 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега