Се гради Градска капела во Пробиштип

 

Во Пробиштип почна изградбата на Градската капела. Градоначалникот на oпштина Пробиштип, Тони Тоневски денеска изјави дека градежните работи се на самиот почеток, а рокот на изградба е шест месеци.

Градската капела се гради на барање на граѓаните, кои пред донесување на општинскиот буџет во рамки на Форумите на заедницата кои се организираат со Швајцарската агенција за соработка и развој, се изјасниле како приоритетен проект да се реализира изградба на Градска капела.

-Оваа година како главен приоритет беше избран изградбата на Градска капела. Токму затоа ние го предвидовме во нашите годишни Програми за работа и во буџетот на општина Пробиштип. Еве сега сме на почеток на изградбата, вкупната инвестиција е околу осум милиони денари. Очекуваме навреме да заврши, рече Тоневски.

Градската капела ќе биде со површина од 300 м/2, а предвидено е и да се набават ладилници и да се опреми по сите стандарди за погребалните услуги. 

 
 
19.07.2016 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега