Важна вест за скопјани: Еве кој автобус е пренасочен деновиве
Автобуската линија со број 27 од денеска ќе сообраќа по улицата „Тодор Чангов“, информира Општина Аеродром.
Последна и појдовна станица ќе бидат истите оние како за автобуската линија бр. 17а - бараките на Пелагонија.
Пренаосчувањето е поради вршење градежни активности на мостот на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а ќе трае до завршување на активностите.
19.07.2016 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа