Ердоган ја избегна смртта - минути беа во прашање
Авионот со кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган летал во текот на ноќта кога е извршен обидот за државен удар, се враќал од одмор во Истанбул, а во текот на летот бил на мета на напад од страна на пилоти-пучисти на два авиони „ф-16“, кои сепак не пукале и му дозволиле на авионот на Ердоган да продолжи да лета.
Турскиот лидер се враќал во одморалиштето Мармарис од Истанбул, каде што бил на одмор, кога во петокот вечерта пучистите се обиделе да извршат државен удар, при што го блокираа мостот над Босфор, и се обидоа да го окупираат аеродромот со испраќање на тенкови во парламентот во Анкара, потсетува Ројтерс.
- Авионот на Ердоган бил на нишан на најмалку два ловци „ф-16“ додека летал кон Истанбул. Авионот на претседателот исто така го следеле негови ловци „ф-16“. А зошто пучистите не отвориле оган е мистерија - изјавил бивш воен офицер, кој е запознаен со инцидентот.
"Авионот на Ердоган бил на нишан на најмалку два ловци Ф-16 додека летал за Истанбул.
"Тој ја избегна смртта а во прашање беа минути", рече друг анонимен турски официјален претставник.
Телевизијата Си-ен-ен турк објави дека околу 25 војници од хеликоптер со јажиња упаднале во хотелот во Мармарис и отвориле оган во обид да го заробат Ердоган, непосредно откако турскиот претседател го напуштил објектот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа