Српската пејачка доживеа сообраќајка
Ана Бекута и нејзиниот сопруг доживејаа сообраќајна несреќа од која штетата е минимална, а повредени за среќа нема. Српските медиуми денеска пренесуваат дека Ана и сопругот кои се во Црна Гора каде пејачката има настапи, додека излегувале од Аеродром, со својот автомобил удриле во возилото пред нив.
Со автомобилот управувал возачот на пејачката кој ја направил сообраќајка поради намалената видливост, бидејќи надвор врнело.
Сепак, никој не бил повреден и Ана си ги завршила обврските во Црна Гора.
18.07.2016 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа