Заложничка драма во Burger King ги потресе граѓаните во САД

 

Во ресторан за брза храна Бургер Кинг во Балтимор, Мериленд во САД вооружен маж упаднал помеѓу гостите и се заканил дека ќе ги убие.

 

Полицијата брзо се упатила кон местото на настанот по барањето, а  тимот на специјалци беше ангажиран во преговори со напаѓачот. По неколку часа на несигурност, напаѓачот бил уапсен и заложниците биле ослободени.

Според извештаите во медиумите напаѓачот им бил познат на полицијата како осомничен за силување, кој започнал да бега од  полицијата, кога тие го забележале на улица.

Меѓу заложниците била и девојче од 7 години, пренесува  Русија денес.

Тој објасни дека полицијата се обидела да го уапси напаѓачот, но тој избегал и на крајот  влегол во ресторанот, каде  земал заложници.

 

 

 
 
18.07.2016 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега