СТРАШНО: Исповед на силувана докторка - влезе маж кој почна да ме дави силува и соблекува
Повредената жена, која е мајка на две деца се бори со компанијата, која и понуди масажа во замена да заборави и да го прости тоа што и се случило.
Георгина Мортимер (45) беше брутално нападната и силувана за време на одморот на Карибите. Наместо аражман од соништата и едрење со часови , докторката од Велика Британија добила само страдање и болка.
Имено во апартманот на несреќната жена само неколку часа откако таа пристигнала, влегол еден човек и брутално ја давел и ја силувал.
Георгина сака на сите жени да им укаже на опасностите кои може да ги снајдат, дури и зад овој навидум безопасен аранжман.
- Компанијата "Девојки и едрење", и покрај тоа што нудела сосема женски пакет, ќе мислите дека е безбеден, меѓутоа се разбудив во пекол, наместо во рај. Од сон ме разбуди неидентификуван човек кој ме давеше и силуваше. Мислев дека ќе умрам. Понижена, уништена со еден збор. Сега имам фобија, и постојани визии. И тие дури и одбија да ми исплатат оштета, туку како надоместок нудат масажа во замена за молчење. Хорор. Само откако се пожалив неколку пати, конечно ми беа вратени парите – изјавија докторката за "Сан".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа