Борбени авиони патролираат на небото над Турција

 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган издал наредба борбените авиони на армијата да патролираат на небото над Турција, јави агенцијата Анадолија.

Летовите ќе имаат за цел поголема безбедност во земјата и контрола на воздушниот простор.

Пучистите во ноќта меѓу петокот и саботата употребија ловци Ф-16 во нападот врз зградата на Парламентот и реонот крај претседателскиот комплекс Анадолија.

Ердоган наредбата ја издадал вчера.

Турското државно раководство во меѓувреме објави дека пучот е задушен, а според последните информации во него загинаа 290 лица, додека 1.440 лица се ранети. 

 
 
18.07.2016 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега