Вооружена престрелка пред зградата на полициската управа
Пред зградата на управата на полицијата во центарот на казахстанскиот град Алмати утрово дојде во престрелка, но засега нема официјални детали за настанот, јавија западните медиуми повикувајќи се на изјави на очевидци.
Истите извори изјавиле дека виделе маж со автоматска пушка како бега од реонот на полициската управа.
Според непотврдени информации, при престрелката се ранети најмлаку две лица.
ТАСС повикувајќи се на извори во Министертсвото за внатрешни работи на Казахстан јави дека престрелката се случиле во близина на полициската управа во Алмалинскиот Реон.
Очевидци на настанот на социјалните мрежи објавија дела маж облечен во црно отворил оган врз група полицијаци, кои се обиделе да го запрат автомобилот што тој го управувал. По претрелката мажот наводно побегнал во непознат правец.
По настанот реонот околку полициската управа и седиштето на Комитетот за национална бебзедност во Алмати се блокирани од страна на полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа