Лабораторија на идеи „Млади“ за застапување на ЕУ реформите

Лабораторија на идеи „Млади“, на која преку интерактивни сесии и процес на споделување меѓу претставници од невладиниот сектор во Македонија ќе се генерираат идеи и иницијативи за застапување на ЕУ реформите, ќе се одржи денеска во Младинскиот културен центар.

Настанот е дел од проектот „Граѓанско општество за европска интеграција“, чиј носител е здружението Центар за интеркултурен дијалог заедно со Македонски зелен центар од Скопје и Европска асоцијција за проекти од Белгија.

На работилницата/лабораторијата на идеи се очекува да присуствуваат околу 40 претставници од Македонија, кои се вклучени во НВО секторот и работат во областа на антидискриминација. Резултатот кој се очекува да произлезе од секоја лабораторија на идеи е план за застапување во рамките на конкретни активности за застапување и предлози на тоа како да се подобри вклученоста и улогата на НВО-секторот во ЕУ процесите за интеграција.

 
 
18.07.2016 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега