Груевски со сочуство за жртвите од нападите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, упати телеграма со сочуство по нападот во Ница.

Целокупната македонска јавност во шок, со згрозеност и со огромна тага ја прими веста за терористичкиот акт кој доцна синоќа се случи во градот Ница. Дозволете ми да го изразам моето најдлабоко сочуство до Вас, до семејствата на настраданите и до целиот француски народ.

          Овој бесмислен, грозоморен и антицивилизациски чин е напад врз нашите универзални човечки вредности. Затоа, борбата против тероризмот е предизвик пред кој сите сме исправени и пред кој мораме заеднички да застанеме. Злото против кое сме сите заедно соочени бара да дејствуваме силно, одлучно и истрајно.

          Темелите на кои се базира нашата цивилизација не смеат да бидат разнишани од вакви варварски чинови на кои им пречат вредностите на толеранција, слобода, мир и благосостојба на граѓанинот, кои со години наназад се градени.

          Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, но и со цела Франција.

 

 

 
 
15.07.2016 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега