Возачот на автобусот ќе заработи кривична - полицијата се сомнева дека заспал

 

55 годишниот Зоран Димишковски од Скопје, заработи кривична пријава за сторено кривично дело квалификувано како несовесно предизвикување сообраќајна незгода со голем број на повредени лица, дознава Пресс24 од свои извори.

Денеска во 1:15, Димишковски возел од десна страна на автопатот М1 во правецот Будимпешта - ХегешХалом со автобус со скопски регистерски таблички. 

Се претпоставува дека возачот заспал при возење, излетал од патот и завршил во ендек во помалата река Бакоњ, која се наоѓа под автопатот. Во автобусот патувале 21 македонски државјани, четири чешки и тројца возачи.

Б.А.

најчитано сега