Детали за хоророт во Гевгелија: Ја оставил да лежи во локви крв на најсветото место во црква

Вистински хорор се случи завчера во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија  каде монструм ја давел несреќната домарка која помагала, со врвка од патика. Непознат насилник, како што вчера информираше полицијата, од 15 до 15:30 часот се обидело да ја убие 64 годишната Загорка Б. од Гевгелија.

Како што дознава Дневник, насилникот дошол во црквата каде жената помагала и ја давел и ја тепал пред олтарот, најсветото место во црквата. Додека таа го чистела иконостасот, тој и пришол од зад грб. Свештеникот Љупче Миланов кој ја нашол жената, вели дека лежела во локва крв. Сликата била ужасна. Целиот тепих бил со нејзината крв, испрскани биле и плочките.

Свештеникот за Дневник вели дека жената била добродушна и побожна, чистела кога никој немало во црквата бидејќи не сакала да им пречи на верниците. Секогаш помагала и била пристојна. Според него, насилникот веројатно доаѓал и претходно во црквата а Загорка му варела кафе, бидејќи таа била услужлива со сите.

Најверојатно Загорка долго време лежела во болки пред да падне во безсознание. 

Засега не е познато зошто насилникот го направил крвавиот инцидент. Жената сега се наоѓа во болница.

Полицијата трага по монструмот.

 

 
 
15.07.2016 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега