Груевски прв македонски политичар со над 200.000 фанови на Фејсбук (ФОТО)

На фан страната на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се регистрирани над 200.000 фанови.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски според сите анкети е политичар кој ужива најголема доверба кај граѓаните, а тоа го потврдуваат и над 200-те илјади фанови на социјалната мрежа Фејсбук.

Ова е за прв пат во македонската политика, еден политичар да има толку масовна поддршка, од над 200.000 фанови на социјалната мрежа.

На неговата фејсбук страна секојдневно се споделуваат фотографии и информации од настаните на кои учествува тој.

На страницата можат да се најдат податоци за голем број на случувања, во сите делови од земјата, фотографии од отворање на нови патишта, училишта, спортски сали, лаборатории, медицинска опрема, средби со граѓани…

Секојдневно, на оваа Фејсбук страна, стотици граѓани во коментар му ја искажуваат својата поддршка и му се заблагодаруваат за спроведеното.

Ова е доказ за огромната поддршка која Груевски ја ужива кај граѓаните.

 
 
14.07.2016 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега