Шкендија непоразена се враќа од гостувањето во Баку кај Нефчи

 

Фудбалерите на Шкандија се враќаат непоразени од гостувањето во Баку, кај екипата на Нефчи. 

На дуелот одигран попладнево на стадионот „Тофик Бакрамов“ во Азербејџан, инаку прв меѓу овие два тима, а во рамките од второто квалификациско коло за Лига Европа, тетовска Шкендија извлече поволен резултат 0:0 против фаворизираниот тим на Нефчи.

Ваквиот исход, без примен гол, драстично ги зголемува шансите за освојувачот на Купот на Македонија за минување на оваа рунда и пласман во следното квалификациско коло.

За остварување на целта на Шкендија и е потребна било каква победа во реванш натпреварот кој ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори’’ во Скопје, во четврток (21 јули) со почеток од 20 часот.

 
 
14.07.2016 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега