Се венчаа само пред неколку дена: Ана и Бастијан објавија шокирачка вест

 

По венчавката во Венеција, српската тенисерка и германскиот фудбалер наводно планираат уште една свадба во Нови Сад.

Тенисерката Ана Ивановиќ и нејзиниот новопечен сопруг Бастијан Шваинштаигер се венчаа во Венеција каде два дена по ред го славеа почетокот на својот брак.

Како што пишуваат српските медиуми тоа не е крај, туку сопружниците ќе направат уште една свадба во етно-одмаралиште во близина на Нови Сад.

Причината за уште една свадба лежат во тоа што парот долго се премислувал околу датумот, па тенисерката не успеала да ги повика сите оние кои сакала.

Затоа одлучила во Србија да приреди уште една свадба на кое ќе ги повика сите драги луѓе, откри извор кој е близок на тенисерката за српски Блиц.

 

 

 

 
 
14.07.2016 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега