Нема спиење - не очекува тешка ноќ
Територијата на цела Македонија денеска е зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, најави метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 20 до 39 степени.
Па поради овие високи температури вечерва не очекува уште една тешка и спарна ноќ.
14.07.2016 - 12:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа