Анкета: ВМРО ќе добие 60 - СДСМ 36 пратеници

 

Врз основа на објавените резултати од анкетата на Институт Димитрија Чуповски, направена од страна на агенцијата “Ипсос Стратеџик Пулс” на барање на инстутот, а објавена на 25.07.2013 година, експертскиот тим на Институт Димитрија Чуповски изработи симулација за освоени пратенички мандати користејќи го Донтоновиот модел кој што се користи за парламентарни избори во Република Македонија, со предвидена гласачка излезеност од 60%.

“За која политичка партија би гласале доколку излезете на гласање?” - на ова прашање соодносот би бил следниот: ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 60 пратеници во македонското Собрание, а СДСМ ќе освои 36 пратенички мандати. Петнаесет пратеници ќе има од ДУИ, а 9 од ДПА.

Од Институтот напоменуваат дека во симулативните резултати не се земени во предвид пратеничките мандати од дијаспората.

најчитано сега