Путин: Косово е српска територија

 

Рускиот претседател Владимир Путин му порача на српскиот патријарх Иринеј дека Москва и натаму на меѓународната сцена ќе остане на ставот дека Косово е всушност, српско, пишува Новости.

- Русија и натаму доследно ќе ги поддржува Србите во праведната борба за зачувување на својата територија, население и храмови на Косово и Метохија и нема да ја признава самопрогласената држава Косово, која настана со кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, му рекол Путин на српскиот патријарх Иринеј при нивната средба во четвртокот во Кремљ, пишува весникот.

Српскиот партијарх бил многу задоволен од тој разговор, бидејќи се уверил дека рускиот претседател е одлично иформиран за тоа колку Србите и другото неалбанско население денеска страда на Косово, пишуваат Новости.

најчитано сега