Се модернизира водоводниот систем во Скопје
Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје во насока на квалитетно управување, одржување и модернизација на системот за водоснабдување од почетокот на 2013 година изврши реконструкција во електро-машинскиот домен на препумпните станици Инџиково, Ново Село, Гази Баба и Горна Матка, како и во хидрофорот во селото Кондово.
Со автоматизацијата целосно е решен проблемот со променливиот притисок на вода односно корисниците од населените места Ново Село, Стопански двор и Кондово ќе добијат подобро и поквалитетно водоснабдување.
- Водовод и канализација - Скопје и понатаму ќе инвестира во проекти со кои ќе се модернизира целокупниот процес на водоснабдување. Инвестицијата е целосно исплатлива бидејќи овозможува контрола на сите параметри, заштеда на електрична енергија и сведување на минимум на дефектите на моторите и пумпите од електричен и механички аспект, наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
ФОТО:СИтел