„Куќа на Фудбалот“ отворен ден за посетители

 

 

- Фудбалската федерација на Македонија утре организира отворен ден за посетители во „Куќа на фудбалот“. По тој повод сите љубители на фудбалот, млади и возрасни, кои имаат интерес да се запознаат со комплексот „Куќа на фудбалот“ и да бидат директно информирани за различните активности на федерацијата, ФФМ ги поканува да дојдат во периодот од 10 до 12 часот.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со инфраструктурата во комплексот, да ги видат терените, да се запознаат со луѓето од администрацијата, селекторите, да разговараат со претставници од ФФМ и да добијат комплетна слика за работењето на федерацијата и активностите кои ги превзема.

ФФМ со оваа активност покажува отвореност, транспарентност и проактивност, покажува дека и значи мислењето на јавноста и дека е отворена за промени кои се во интерес на развојот на фудбалот, а дека инвестирањето во развојот на младите фудбалери, во стручните кадри, како и во подобрување на фудбалската инфраструктура и понатаму ќе биде приоритет во работењето.

Генералниот секретар на федерацијата, Филип Поповски, очекува ваквите активности да придонесат за подобра атмосфера околу фудбалските репрезентации.

-Фудбалот е најпопуларниот спорт, а за повеќето и најважната споредна работа во животот. Спорт кој бара посветеност, позитивна енергија за фер натпревар,  отвореност, взаемно почитување и тимска работа. Токму со цел да ги поддржиме овие вредности и да помогнеме во создавањето подобра атмосфера во и околу фудбалот во нашата земја, ФФМ организира отворен ден за посетители. Отвореноста и транспарентноста, како и домаќинското работење, со посебен акцент на развојот на младите категории, е наш приоритет и за што нештедејќи се залагаме. ФФМ реализира различни проекти поврзани со фудбалот и токму со нив сакаме да ја запознаеме јавноста, изјави Поповски. 

 
 
13.07.2016 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега