Вака се колнеа патриотите дека ќе ја бранат Македонија

 

На интернет утрово се појави фотографија на која командирот на крушевската полиција Благојче Димшоски бакнува кама и револвер, веројатно при посетата на некој музеј.

 „Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија и Одринско, дека безусловно ќе се покорувам на старешините и без приговор ќе ги извршувам неговите заповеди, дека никому нема да му ги издавам ни со збор, ни со дело работите на Организацијата и сето она што од денес натаму ќе го чујам, видам и разберам по делото. Во противен случај, нека бидам убиен од еден од другарите со револверот или камата што овде ги целивам“ – ова е текстот на заклетвата која во ваков ритуал ја положувале членовите на ВМРО кога станувале дел од Организацијата.
 
Симболиката на чинот, кој е историски значаен и семакедонски, ги вознемири медиумите под контрола на опозицијата кои и во оваа прилика се обидоа да пронајдат политика и скриени пораки.
 
За овие медиуми не се прифатливи фотографии на кои се гледа како се колнат патриотите дека ќе ја бранат Македонија, туку се прифатливи фотографии на кои квази-патриоти прават селфи со смешкање на места каде што гинат патриотите.
 
 
13.07.2016 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега