Почина поранешниот претседател

 

Поранешниот претседател на Република Српска, Горан Хаџиќ, почина вчера во Клиничкиот Центар во Нови Сад.

На поранешниот претседател му се слошило дома. по што бил итно однесен во болница. По долгата и тешка болест, тој починал вчера на Клиниката.

Него му беше констатиран тумор на мозокот  во ноември 2014 година.  Обвинетиот пред Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, Горан Хаџиќ, токму поради здравствени причини беше пуштен на привремена слободата во април 2015 година.

Горан Хаџиќ починал на приемното одделение на службата за Итна помош околу 20 часот, на 58 години, потврдиле за агенцијата Бета од Српската радикална партија (СРС) во Белград.

 
 
13.07.2016 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега