Бастијан се збунил на свадбата - нема да верувате што му направи Ана на својот сопруг

 

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер вчера го изговорија судбоносното „ДА“ во Венеција. На граѓанското венчавање присуствувале само кумовите и членовите на смејството на Ивановиќ и Швајнштајгер, а екипата на српски Курир од лице место ги пратеше деталите од церемонијата. 

Как што дознава порталот, Ана го земала презимето на германскиот фудбалер, но постои можност во јавност и понатаму да се преставува по моминското презиме. 

Младенците насмеани влегле во општината. Прва од гондолата излегла Ана во долг бел фустан со пуштена коса и малку шминка и веднаш велгла во зградата. Зад неа се движел нејзиниот сопруг. 

- Ана и Швајни едвај чекале матичарот да ги прогласи за маж и жена. Ана после церемонијата прво ја изгушклала свекрвата, додека Бастијан првите честитки ги добил од дедото кој му порачал да ја пази и да ја чува неговата ќерка, открива извор за српски Курир. 

 

Исто  така порталот пишува дека Ана испочитувала еден од српските обичаи - на венчавката го згазила младоженецот, според народните верувања тоа значи дека таа ќе биде главата во куќата.

 

 

 
 
13.07.2016 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега